Поплочување на сервисната улица во близина на новиот театар


Овие денови се врши поплочување со префабрикувани бетонски елементи на сервисната улица во близина на новиот театар, а која ги поврзува улиците Благој Ѓорев и Алексо Демниевски – Бауман. Во рамките на градежните активности се врши и поставување на нови ивичници на просторот од улицата. Оваа реконструкција се наментна како неопходна пред завршувањето со изградбата на новиот театар и пренамената на просторот на поранешниот Офицерски дом во нов парк. Средствата за овој градежен зафат се планирани во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година, а истите ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Велес.