Честитки по повод Светскиот ден на книгата
Почитувани граѓани на Велес,
Со особено задоволство Ви го честитам Светскиот ден на книгата затоа што токму Велес е градот на овие балкански простори во кој е отворено првото читалиште, а имињата на видни велешани се наоѓале на списоците на европските издавачи како претплатници на авангардната литература.
Затоа не е ни чудно што во Велес преку книгата навлегувале прогресивните идеи на плејадата велешани што ја пишувале македонската историја.
Денес без оглед на големиот наплив на електронската литература, книгата останува да биде најдобриот пријател и најпосакуваниот соговорник.
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес