СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Во рамките на транспарентната постапка за усвојување на Буџетот на Општина Велес за 2007 година, Општина Велес и Центарот за поддршка на НВО организираат јавни расправи по Нацрт Буџетот и Нацрт програмите за активностите на Општина Велес во 2007 година, во областа на:
- Образование
- Социјална заштита
- Уредување на градежното земјиште
- Спорт, млади и поддршка на НВО секторот
- Локален економски развој
- Заштита, спасување и противпожарната заштита
- Промоција и комуникација со јавноста и
- Меѓународна соработка
Јавните расправи ќе се одржат во големата сала на општината, според следната агенда:
12.12.2006 (вторник)
-16:00 - Јавна расправа со претставниците на институциите на локално ниво;
-18:00 - Јавна расправа со претставниците на НВО секторот, бизнис секторот спортските сојузи и спортските клубови
13.12.2006 (среда)
-16:00 - Јавна расправа со претставниците на Месните заедници;
-18:00 - Јавна расправа со претставниците на Урбаните заедници;
Општина Велес ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на јавните расправи.