Реконструкција на водоводна линија на ул. Маца Овчарова
Екипи на ЈКП Дервен овие денови работат на реконструкција на водоводна линија на ул. Маца Овчарова. Старата и дотрајана поцинкувана цевка се заменува со нова, изработена од висококвалитетен полиетилен и профил што ќе биде доволен за водоснабдување на постоечките и новите приклучоци на оваа водоводна линија.