Уредување на крак од улица Невена Георгиева - Дуња
Во рамките на тековните градежни активности изминативе денови се изврши бетонирање на крак од улицата Невена Георгиева – Дуња во должина од 135 метри. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.