Бетонирање на дел од улица Вера Циривири
Во рамките на тековните градежни активности изминативе денови се изврши бетонирање на завршетокот од улицата Вера Циривири во должина од 80 метри. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.