Честитки по повод Меѓународниот празник Први мај – Денот на трудот

Почитувани граѓани на Велес,

Ви го честитам Меѓународниот празник Први мај – Денот на трудот. Велешани се трудољубив народ и заслужуваат да им се обезбеди достоен живот со создавање услови за нови работни места. Тоа е врвниот приоритет на Општина Велес, од кој нема да отстапиме. Нека ни е честит Денот на трудот.

Славчо Чадиев,
Градоначалник на Општина Велес