Општина Велес ја пушти во функција новата веб страница
Општина Велес ја пушти во функција новата веб страница – www.veles.gov.mk. Со цел унапредување на комуникацијата со јавноста, пред се граѓаните, направена е суштинска промена во концептот на презентација на сите активности, настани, документи, информации.
Таа е целосно редизајнирана и на граѓаните им овозможува полесен пристап до информациите и услугите. Идејата за креирање нов веб портал произлезе од потребата за создавање и пласирање на појасни, попрецизни, конкретни, транспарентни и отчетни информации за сите нејзини корисници. Се разбира дека и следењето на тредновите и развојот на ИКТ, постојано бараат промени и имплементација на нови технологии.
Развојот и проширувањето на порталот не запираат тука, затоа Ве покануваме постојано да не посетувате и редовно да ги следите информациите за активностите на локалната самоуправа, а со вашите предлози и сугестии, да помогнете во подобрување на квалитетот на содржините и услугите.