Поплочување на крак од улица Васил Главинов
Продолжува градежната сезона во Велес. Овие денови се изврши поплочување со префабрикувани бетонски елементи на крак од улицата Васил Главинов во должина од околу 100 метри. Потребата за уредување на просторот, произлезе од барањата на жителите кои живеат во овој дел на градот и кои секојдневно ја користат улицата за пристап до своите домови. Средствата за реализација се планирани во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година, а истите ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Велес.