Се одржа 6-тиот „Саем на бизнис и претприемништво”

Денес во просториите на ОСУ „Јовче Тесличков“ се одржа традиционалниот „Саем на бизнис и претприемништво”. Учениците имаа можност да ги покажат стекнатите знаења и вештини, да ги преточат во пракса и да направат успешни бизнис зделки. Со ваквото искуство тие се за еден степен погоре во своето образование. На саемот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев кој ги поздрави учесниците и им честита за постигнатите успеси.

 

„Продолжете да бидете креативни и да не изненадувате со нови и нови модели на претприемништво, да ги следите светските економски трендови, да го откривате вистинскиот свет на бизнисот затоа што тоа е движечката сила на светот”. – истакна градоначалникот Чадиев.

Инаку според Нада Јованова, директор на ОСУ „Јовче Тесличков“, преку практичната настава која се реализира во училиштето, учениците имаат можност да се стекнат со знаења и способости кои им овозможуваат полесно да се снајдат во повисоките образовни институции. Досегашната пракса покажала дека ваквиот начин на стекнување знаење им овозможува на учениците да станат успешни бизнисмени во иднина.