Честитки по повод Денот на Европската унија и Денот на победата над фашизмот
Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев на сите граѓани им упатува честитки по повод двојниот празник – Денот на Европската унија и Денот на победата над фашизмот. Пораката од Велес до Европа е исто така двојна:
- Македонија природно припаѓа на големото семејство на народите како лулка на словенската писменост и култура и земја со најстара историја и државност на овие простори; и
- На злото што му го нанесе фашизмот на човештвото во II-рата светска војна местото му е единствено во минатото што нема под ниеден услов да дозволиме да стане наша иднина.