„Мото забава“ по петти пат во Велес

Од мотелот „Македонија” по велешките улици и назад беше маршутата на моторџиите кои беа дел од петата по ред „Мото забава", и годинава со интернационален карактер. Покрај афирмацијата на моторот како безбедно превозно средство моторџиската забава има за цел и туристички да го промовира Велес и затоа оваа манифестација беше подржана и од Општина Велес. Годинашниот мото собир кој беше насловен ,,Носи кацига биди безбеден” имаше повеќе содржини преку целиот ден, а вечерта заврши со голем рок концерт. Оваа година на забавата учествуваа музучките групи The Beats, Shine, Паркети, Суперхикс и Day Off. Тие му дадаоа посебен белег на настанот кој изминатите години важи за најпосетуван домашен мото собир.