„Садница плус“ за позелена Општина Велес

Денес во сите општински основни училишта и во Детската градинка „Димче Мирчев“ се реализира акцијата „Садница плус“. Учениците садат желади, за млади дабови насади. Акцијата ја спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика со посредство на Општина Велес. „Садница плус“ е дел од Акцијата „Ден на дрвото“ и се реализира на територијата на цела Република Македонија.