Самостојна изложба од Живко Пренџов

Во Петок 15.12.2006 год. во 19,00 часот. во Ликовниот салон  во Велес ќе биде отворена  самостојна изложба на академскиот  графичар Живко Пренџов. Роден во Велес. Завршил ликовна академија во Скопје, член на ДЛУМ и ДЛУВ, со кои има учествувано на многу групни изложби.
 
Со прелистувањето на графичкото писмо, низ суптилното, лирско, речиси акварелско колористичко лавирање на графичките листови,  авторот се обидува низ фрагментацијата на архитектонските и пејсажни амбиенти да ни го долови некогашниот дух на родниот град.
Во Ликовниот салон ќе биде преставен со дваесетина графики во техника сериграфија.