Презентација на Проектот за рурална инфраструктура
Во просториите на Oпштина Велес на 09.05.2014 година (петок) се одржа состанок по повод презентација на Проектот за рурална инфраструктура. На состанокот присуствуваа претставници од Светска Банка, од Министерството за финансии, Градоначалници од Вардарскиот регион и Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Претставникот од Светска Банка г-дин Беким Имери ги информираше градоначалниците дека оваа година ќе се објави повик на кој сите општини ќе имаат можност да аплицираат со покрупни инфраструктурни проекти за грант од ИПА компонентата за поддршка на руралниот развој.
Овој грант со лимит до 20 мил. евра е наменет претежно за руралните општини и рурални населени места во рамки на урбаните општини во период од 4 (четири) години. Средствата се спрведуваат преку Проект за подобрување на општинските услуги и се 100% грант за општините (општините не подлежат на плаќање ДДВ). На состанокот учесниците дискутираа за прифатливите проекти, за критериумите за избор и за процесот на поднесување на апликации.