ОУД „Лазар Лазаревски” e пристапен и за лицата со инвалидност

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на ОУД „Лазар Лазаревски” денес свечено беше подигнато добиеното зелено знаме а беа пуштени во употреба и двете пристапни рампи за лица со инвалидност. На манифестацијата присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев, претставници од локалната самоуправа и други институции од градот како и вработени и ученици од домот. Со изградбата овие пристапни рампи ученичкиот дом „Лазар Лазаревски” ја сруши бариерата која досега ја имаа лицата со хендикеп, овозможувајќи еднаков третман на сите граѓани во општеството. На овој начин секој посетител или корисник на услугите може да ја посети нституцијата без никаков проблем.