ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА 51-ТЕ РАЦИНОВИ СРЕДБИ КОИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 13 и 14.06.2014

Вовед во прославата е концертот на групата „Езерки“ и оркестарот 7/8 на 12.06.2014 година.

Годинешните Рацинови се во знакот на 75 годишнината од печатењето на „Бели мугри“ затоа има многу изненадувања што ќе се случуваат во најава на средбите, а се дел од рациновата поезија како на пример во кафулињата ќе поделиме пораки со љубовна поезија и ЦД-а со најубавата љубовна поезија на Рацин за во неделата пред средбите сите да го доживеат неговото уметничко кредо.

На Централната манифестација ќе и претходи процесија насловена како 100 свеќи за Рацин, своевиден сценско-музички перформанс распореден на клучни локации – симболи за Велес и Рацин - Мало мовче, Саатот, спомениците на Рацин и стиховите и муралот на

 Рацин. Сценариото за овој настан е на Васил Зафирчев, а во неговата реализација вклучени се многу уметници – актери, музичари, Градскиот црковен хор, Ансамблот „Керамичар“, кајакарите, учениците од Гимназија, група „Соната“ и уште многу други.

Централната манифестација подразбира хрватска поетска вечер и врачување на признанијата, додека македонските поети ќе имаат две можности да и се претстават на јавноста. Младите поети на 13.06, во периодот од 23-01 часот заедно со бендот на браќата Иванови од Велес ќе настапат во кафулињата спроти споменикот на Рацин, а повозрасната поетска фела на 14.06 во сабота, на Спомен – костурницата. Ќе се засадат најнапред дрвца во паркот на Спомен-костурница, а потоа ќе се одржи поетско читање.

Добитник на Почесното рациново признание оваа година е поетесата и издавач од Босна и Херцеговина – Тања Ступар Трифуновиќ. За Рациновото признание има пристигнато 22 наслова од 12 издавачи.