Д-р Златко Василкоски гласот за Велес го пренесува надалеку

Денес во просториите на Општина Велес, претседателот на Советот Александар Колев оствари средба со нашиот сограѓанин Златко Василковски, доктор по компјутерски науки на престижни универзитети во Америка.

 

Златко Василкоски дипломирал физика на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј” во Скопје изработувајќи дипломска работа под менторство на професорот Виктор Урумов, а магистрирал и докторирал на Универзитетот Tufts во Бостон под менторство на професорот David Weaver. Во текот на студите на Tufts, тој исто така работел со Alex Vilenkin на модели на космички стрингови. Потоа завршил две постдокторски студии, на MIT и на Northeastern. Во 2010 година за неговата работа на автоматска сегментација на невроните, во конкуренција од повеќе од 170 меѓународни тимови, ја освои првата награда на Diadem Challenge Competition, прв натпревар од таков вид организиран во свет. Во 2011тој работеше на Harvard Medical School, а во моментов работи во Migma Systems. Во изминатите 15 години тој предавал физика и математика како привремен професор на Tufts, MIT, Suffolk, BU и Bentley.

Г-динот Василков е горд велешанец кај на своите студенти во Харвард и на колегите ширум светот со љубов им раскажува за својата Македонија и за својот Велес. Младиот 50 годишен научнек што ги допрел ѕвездените височини на научната слава останал скромен и едноставен, останал достоен и доследен на своите корени.

На средбата со д-р Василкоски, од страна на претседателот на Советот Колев беше истакнато дека, Општина Велес е горда на своите сограѓани што гласот за Велес го пренесуваат далеку. Нивниот број не е занемарлив и затоа напорите на локалната самоуправа ќе бидат во блиска иднина да се направи преглед на нашите умови во светот со двојна цел – да се изрази благодарност што го афирмираат својот град и својата земја и да се потенцираат нивните позитивни примери за идните генерации.