Мамутчево е дел од системот за управување со отпад

Од 01.03.2014 година во населеното место Мамутчево за прв пат се воведе услугата за собирање и транспортирање на комунален отпад. Заради невоведената услуга во минатото, населеното место беше во средиштето на еден обрач од отпад. Општината во соработка со ЈКП Дервен, а согласно активностите предвидени во Програмата за управување со отпад за 2014г. се зафати да го исчисти просторот од диви депонии. За десетина дена собрани се 50 метри кубни отпад. До крајот на годината во системот треба да се вклучат и населените места Караслари, Бузалково, Клуковец и Кумарино.

 

Погледнете кака изгледаше Мамутчево во минатото ...