Тековни активности - изградба на паркинг простор во близина на Автобуската станица

Овие денови во тек се активностите за изградба на паркинг простор на левата страна од Велес, во близина на Автобуската станица. Просторот наменет за паркирање се планира да биде со капацитет за 100-тина возила. Со изградбата на овој паркинг простор се очекува да се намали навалицата и гужвата, од левата страна на градот но и од централното градско подрачје.