Градоначалникот Чадиев во посета на Република Полска
По покана на претседателот на регионот Gulenow од Република Полска, Tomasz Stanislawski, градоначалникот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев го посети регионот, општината Новогард и Западно Поморското Војводство со седиште во градот Szczecin, при што оствари средба со претседателот Stanislawski и неговиот заменик Tomasz Kulinicz. На средбата беше договорена соработка помеѓу Општина Велес, Вардарскиот плански регион и регионот Gulenow, која ќе се спроведува преку општинските администрации и училиштата во регионите. Особен акцент се стави на економската соработка помеѓу општините и регионите во поглед на заедничкото аплицирање на проекти поддржани од Европската унија. При посетата, градоначалникот Чадиев оствари средба и со Ryszard Micko, заменик војвода на Западното Моравско Војводство, при што домаќинот беше запознаен со можностите за економска соработка со Општина Велес, индустриските зони со кои се располага и културните карактеристики на нашиот град. Истовремено војводата ја поздрави соработката помеѓу општините во регионите и изрази силна поддршка за евроинтеграцијата на Република Македонија.