Општинската комунална депонија е целосно оградена

Од своето основање во 1976 година до денес, градската депонија за комунален отпад никогаш не беше оградена по целиот периметар и секогаш постоеја слободни влезови за луѓе и животни. Согласно задолженијата од Државниот инспекторат за животна средина и предвидените активности во Програмата за управување со отпад за 2014г., ЈКП Дервен пристапи кон комплетно оградување на општинската комунална депонија. За таа цел поставени се 600 бетонски столбови, 7500 метри бодликава жица и 200 метри мрежа. И во наредниот период ќе продолжат активностите  кои се насочени кон подобрување во одржувањето и управувањето со отпадот за да се превенираат несакани влијанија  врз животната средина од активностите во депонијата.