Свечена заклетва на волонтерите од Мировниот корпус

ImageНа 15 декември, во мотелот „Лозар“ се одржа цереминијата на која со свечена заклетва 49 доброволци од Мировниот Корпус официјално ја завршија обуката и се подготвија за двегодишен престој и работа во Македонија. По трет пат Велес беше град домаќин на доброволците на Мировниот Корпус од кои 13 во изминативе 3 месеци посетуваа обука и го учеа македонскиот начин на живот престојувајќи кај велешки семејства. Останатите членови на 11 група на доброволци престојуваа во Чашка, Куманово, Неготино, Кавадарци и Свети Николе.

По повод полагањето на свечената заклетва, директорката на Мировниот Корпус во Македонија, Лусиен Филипс упати благодарност до градоначалникот Аце Коцевски и граѓаните на Велес за огромната помош и поддршка, Таа им се заблагодари и на сите градови домаќини кои ги прифатија доброволците на Маровниот Корпус.

Image 

На свеченоста присуствуваше и  Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски кој упати честитки по повод јубилејот 45 години од основањето на Мировниот корпус и 10 години престој во Република Македонија. Претседателот ја потенцираше поддршката на Мировниот корпус во клучните реформски процеси во Македонија„ Со својот континуиран ангажман во локалните средини во изминатите години, волонтерите на Мировниот корпус даваа директен придонес во подобрувањето на организационите и институционалните капацитети во локалните заедници“, рече меѓу другото Црвенковски.

Image

ImageДоброволците ги поздрави и Амбасадорката на САД во Република Македонија, Џилиен Миловановиќ која го нагласи значењето и соработката во градењето на партнерството помеѓу двете земји. „Ова партнерство нема за цел само да помогне во развојот и просперитетот на Македонија, туку и да изгради разбирање помеѓу двете нации“, рече Миловановиќ посакувајќи им успешна работа на членовите на 11-та група доброволци на Мировниот Корпус. Од името на градот домаќин, доброволците ги поздрави градоначалникот на Велес, Аце Коцевски кој во свое лично име, во име на Советот на општината и во име на граѓаните им го честиташе јубилејот 45 години работа. „На членовите на 11-та генерација на Мировниот Корпус во Република Македонија им честитам на ентузијазмот и храброста да поминат илјадници километри и да дојдат во Македонија“, рече Коцевски. Тој им се заблагодари на сите семејства домаќини од Велес и другите градови во Македонија кои како свои ги прифатија доброволците. Коцевски упати посебна благодарност на Крис и Рагу, волонтерите кои учествуваа во креирањето на англиската верзија на официјалната веб страница на Општина Велес. Свеченоста беше збогатена со настапот на КУД „Керамичар“.