Честитки по повод Националниот дена на Власите

Почитувани граѓани, драги пријатели, припадници на влашката етничка заедница,

Дозволете ми од мое лично име и од име на Советот на Општина Велес да Ви го честитам големиот празник 23 мај - Националниот ден на Власите и да Ви посакам добро празнично расположение, исполнето со многу здравје, радост, среќа и бериќет.

За Власите, 23-ти мај претставува афирмација на нивната култура и традиција и постоење на нивната заедница во нашето општество. Власите, со својата богата култура и општествено делување, претставуваат нераскинлив дел од историјата на Македонија.

Ваквите празници нека не обединат во нашите заложби за поголем, побрз и подинамичен развој на нашата држава истакнувајќи ги нашите заеднички вредности кои го градат единството, меѓучовечкото разбирање и хармонија во нашата татковина.

Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес