Бетониран е дел од улицата Браќа Поп Јорданови

Изминативе денови завршија градежните активности за бетонирање и уредување на делот од улицата Браќа Поп Јорданови кој се наоѓа во близина на Градскиот часовник. Потребата за овој градежен зафат се наметна како неопходна по барањата на жителите од овој дел на градот кои секојдневно ја користат улицата при нивното доаѓање до главната сообраќајница. Средствата се предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година, а истите ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Велес.