Се асфалтира дел од улицата Вардарска

Општина Велес согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2014 година започна со активности за асфалтирање на дел од улица Вардарска на потег од управна зграда на ЈКП Дервен до халите на Ветекс. До завршувањето со градежните работи, се замолуваат сите граѓани да ја почитуваат поставената вертикална сигнализација.


