Честитки по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Почитувани сограѓани,

Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес на сите просветни работници, ученици и сите граѓани на Велес им го честитам националниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Темелот на вековното интелектуално, образовно и културно опстојување на македонскиот народ со своја азбука и писмо пред 12 века го поставија светите браќа Кирил и Методиј.

Сето она што денес Македонија го гради во светот, како единствен македонски идентитет се должи на нивната безвремена намера – да го доближат зборот до оние што неможат да го чујат сега и овде. Да го направат разбирлив јазикот на другите народи, да го пренесат својот јазик, својата мисла, својата култура и вредности на другите народи и на следните генерации.

Нека е за на век денешниот празник!

Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес