Панихида на гробот на Јордан Хаџи - Константинов - Џинот
Денес по повод големиот христијански празник Вознесение Христово – Спасовден, во црквата Св. Спас во Велес се одржа богослужба на која чиноначалствуваше Неговото Високо преосвештенство, Митрополитот Повардарски господин Агатангел. Во рамки на чествувањето се одржа и панихида на гробот на Јордан Хаџи Константинов Џинот. На панихидата покрај свештенството на гробот на преродбеникот и основачот на првото училиште на македонски јазик на Балканот, со свој рецитал настапија и учениците од ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.