Нов паркинг простор во близина на Автобуската станица
Завршија градежните активности за изградба на паркинг простор на левата страна од Велес, во близина на Автобуската станица. Просторот наменет за паркирање е со капацитет за 100-тина возила. Со изградбата на овој паркинг простор се очекува да се намали навалицата и гужвата, од левата страна на градот, но и од централното градско подрачје.