Во градскиот парк се поставуваат реквизитии за вежбање
Градскиот парк редовно се користи од спортисти и рекреативци од Велес. До сега нивната рекреација се сведуваше само на трчање или пак изведување вежби без користење на реквизити. Со реализацијата на овој проект ќе се исполнат барањата на голем број спортисти и млади луѓе кои овде ќе можат да вежбаат и да го поминуваат своето слободно време. Сите граѓани што имаат потреба да вежбаат сега можат бесплатно во било кое време од денот да ги користат овие спортски справи за вежбање.
Ова локација ќе содржи поевќе реквизити кои се неопходни за сите основни вежби. На нив може да се вежба загревање, стомачни мускули, склекови. Основните услови се создадени така што во наредниот период спортистите и рекреативците нема да мора да вежбаат на земја или на импровизирани елементи. Ова е уште една потврда дека Oпштина Велес посветува големо внимание на сите видови спорт вклучувајќи ги и училишниот и рекреативниот. Со формирањето на училишните спортски клубови, спортот меѓу најмладите ќе биде повеќе присутен, а за тоа ќе придонесат и новите спортски реквизити.