Систем „капка по капка” за земјоделците од вардарскиот регион

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со УСАИД започна со реализација на Проектот за експанзија на мали бизниси „Да одлгедуваме повеќе пченка" во чии рамки УСАИД ги донира системите капка-по-капка. Како дел оваа иницијатива, во вардарскиот регион ќе бидат финансирани 15 системи какпка-по-капка за наводнување на парцели по 1 хектар. 3 од нив се наоѓаат во Општина Велес, а останатите 12 низ другите општини (Лозово, Св. Николе, Росоман и Градско).

 

Денес започна имплементацијата на првиот, во с. Горно Оризари. Земјоделците ќе бидат обучени за оптимално користење на системот, а состјбата на парцелите ќе биде постојано набљудувана од страна на стручни лица од Проектот со цел навремено реагирање на сите промени. Дополнително, земјоделците во текот на целата година ќе добиваат редовни СМС пораки со упатства и совети за користење на системот и новите агротехнички протоколи.