Градоначалникот Славчо Чадиев изврши увид на Градскиот стадион

На Градскиот стадион во Велес во тек се завршните активности за поставување на новата висококвалитетна вештачка трева. Во увид на градежните работи на стадионот денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од новиот изглед кој фудбалскиот терен го има добиено. Во наредните денови комплетно ќе бидат завршени сите работи од оваа фаза за реконструкција на градскиот стадион, која е дел од проектот што го спроведуваат ФФМ и Општина Велес.