Обука за слободниот пристап до информации од јавен карактер
Во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер денес во Големата сала на Општина Велес се одржа обука на тема: Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Пред присутните претставници на локалните установи, невладини организации и одговорните лица на правните субјекти – иматели на информации, претставниците на Комисијата говореа за можностите што ги дава овој закон, за обврските на правните субјекти – иматели на информации и за начинот на неговото применување во праксата.
Обуката предизвика голем интерес кај присутните. Тие преку активно учество добија одговори на сите дилеми и прашања со кои се соочуваат во текот на неговата примена во праксата. Инаку, според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, дефинирани се имателите на информации, нивните обврски и законски одредби за непочитување на прописите.