Расцветаа розите кои беа насадени оваа пролет
Расцветаа розите кои беа насадени како дел од акцијата „Македонија земја на цвеќето - Земја на розата“. Локалната самоуправа за таа цел неодамна набави 2.500 садници рози кои веќе го разубавуваат Велес. Оваа акција ќе има долгорочни позитивни ефекти по животната средина и здравјето на луѓето. Розите се повеќегодишно украсно растение, кои апсорбираат големи количини на олово и кадмиум во себе. Овие тешки метали се исклучително штетни за здравјето на луѓето. Експертите препорачуваат градот да биде збогатен со рози поракј сообраќајниците, улиците или на било кој отворен простор, затоа што тоа би илао повеќекратно позитивно дејство. Општина Велес останува посветена на целта да спроведува активности за деконтаминација на загадената почва со тешки метали како со оваа акција, така и со спроведување на понатамошни активности за одржување на засадениот материјал и проширување на подрачјето за деконтаминација.