СТАРТУВАА ЕТНО-РАБОТИЛНИЦИТЕ

По четврти пат куќите на уметноста ги исполни детскиот џагор. Денес стартуваа ткајачката, грнчарската и столарската работилница. Во секоја од нив по десет деца од основните училишта од Велес се запознаваат со тајните на овие занаети, а преку нив и со традицијата и начинот на живот на нивните предци.Вкупната реаализација е на подносителот на проектот – ЗГ „Разбој“, а инструктори се активни мајстори од овие занаети. Работилниците се од отворен тип и можат да се посетат секој работен ден во периодот од 8:00 -12:00 часот. Во куќата на Касапови младите учат да ткајат, да плетат и да предат на вретено, во куќата на Рацин се врти грнчарското колце, а во столарската работилница во куќата на Васил Главинов се совладуваат тајните на столарскиот занает.Етно работилниците се проект финансиран од Општина Велес со кој уште еднаш се потврдува соработката на Општината со граѓанскиот сектор.Свеченото затворање на етно-работилниците е планирано за 24.06.2014 година (вторник) во куќата на Касапови.