Лопушник - тајната на Рацин
Традиционално и овој 13-ти јуни беше посветен на трагичната смрт на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин. По повод 71 година од кобниот ден кога Македонија го изгуби Рацин, делегации на Општина Велес и Општина Кичево, Сојузот на борците, ученици од велешката гимназија и училиштето од село Другово, претставници на институции, организации и поединци од цела Македонија го посетија спомен обележјето на планината Лопушник, местото каде загина Рацин. Настанот беше збогатен со пригодна културно уметничка програма што ја подготвија учениците од Велес, Кичево и Другово.