51-ви Рацинови средби. Велес се поклони пред великанот

Синоќа во Младинскиот парк во Велес се одржа централната манифестација за одбележување на 51-те Рацинови средби. Присутните имаа можност да бидат дел од прекрасната хрватска поетска вечер и свечено врачување на признанијата. На централната манифестација и претходеше процесија насловена како 1000 свеќи за Рацин, своевиден сценско-музички перформанс распореден на клучни локации – симболи за Велес и Рацин Сценариото за овој настан го направи актерот Васил Зафирчев. По завршувањето на овој настан, младите поети во периодот од 23-01 часот заедно со бендот на браќата Иванови од Велес настапија во кафулињата спроти споменикот на Рацин. Денес напладне повозрасната поетска фела во паркот пред Спомен–костурницата најпрвен засадија дрвја а потоа се одржа и поетско читање.

 

Инаку Годинешните Рацинови средби беа знакот на 75 годишнината од печатењето на „Бели мугри“ затоа и содржеа многу изненадувања што се случија во најава на средбите, а беа дел од рациновата поезија. Во кафулињата се поделија пораки со љубовна поезија и ЦД-а со најубавата љубовна поезија на Рацин за во неделата пред средбите сите да го доживеат неговото уметничко кредо.

Добитник на Почесното рациново признание оваа година беше поетесата и издавач од Босна и Херцеговина – Тања Ступар Трифуновиќ. Додека Жири-комисијата на Меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби 2014“наградата Рациново признание за 2014 година одлучи да му се додели на писателот Паскал Гилевски за романот „Постсмртна венчавка” во издание на издавачката куќа „Матица Македонска“ од Скопје.