Исчистенa депонијата во индустриската зона Речани 2
Во индустриска зона Речани 2 постоеше дивa депониja со растителен отпад (земјоделски остатоци од производство на храна) измешан со комунален отпад, кој го нагрдуваше просторот планиран за нови инвестиции во општината. Согласно Програмата за управување со отпад за 2014 г. од страна на ЈКП „Дервен” се изврши чистење на депонијата со вкупно 24 метри кубни отпад.
Општина Велес апелира до сите земјоделски производители соодветно да постапуваат со отпадот кој се создава при земјоделското производство. Тој не треба да завршува на начин кој се практикува - да се пали и исфрла, туку истиот да се компостира и да и се врати на почвата како корисна материја која ќе го збогати нејзиниот квалитет.
Фотографии пред да се исчисти депонијата: