НОВИОТ ПАРК ПРЕД ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ” Е СЛОБОДНА ИНТЕРНЕТ ЗОНА
Општина Велес заокружи уште еден значаен проект од областа на информатичката технологија. Новиот парк пред ООУ „Васил Главинов” е опремен и подготвен на сите љубители на комуникациски технологии, да им овозможи пријатни интернет часови на отворено. Целта една и едниствена, паркот да прерасне во пријатно место за одмор и рекреација на сите граѓани на Велес. Во следниот период ќе продолжат напорите на локалната самоуправа за покривање со слободен безжичен интернет на други места и локации ширум општината.