Честитки по повод светиот месец Рамазан
Почитувани сограѓани
Од мои лично име и од името на Советот на Општина Велес по повод започнувањето на светиот месец Рамазан упатувам честитки до сите верници од исламска вероисповед во општината со желби за добро здравје, општа благосостојба и мирен духовен живот.
Од изгрејсонце до зајдисонце нека овие денови на пост, Ве упатат по вистинскиот пат, нека Ви донесат многу чисти мисли, нека ја зголемат милоста, љубовта и добрите дела во Вашите семејства, кон Вашите соседи, пријатели и сограѓани.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес