Одбележана 13 годишнината од смртта на Оливер Китановски

На 29.06.2014 година на гробиштата во Башино Село се одбележаа 13 години од смртта на бранителот Оливер Китановски. Почит на прерано загинатиот бранител Оливер Китановски му изрази заменик градоначалникот на Општина Велес Горан Јовиќ, претставници на АРМ, МВР, членовите на семејството, неговите колеги од специјалната едница „Тигар“ како и останати здруженија на бранители од конфликтот во 2001 година. 21 годишниот Олиер Китановски на 29 јуни 2001 година, по петдневна борба за живот им подлегна на раните здобиени од терористички истрел на 23 јуни во борбите кај Арачиново недалеку од Скопје. Минатата година, Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов постхумно го одликуваше загинатиот бранител Оливер Китановски за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.