ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ “ – ПРОМОЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ ВО ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
ССОУ „Коле Неделковски“ Велес ги промовираше досегашните активности од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието во текот на учебната 2013/14 година како и заедничките активности во соработка со партнер училиштето „Наце Буѓони“ од Куманово. Резултат на заедничкото работење беше и изработениот „Туристички водич“ за Велес и Куманово, кој што беше презентиран денес.
На оваа манифестација присуствуваа преставници од ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово. Координаторот на проектот за меѓуетничка интеграција од УСАИД г-ѓа Снежана Јанкуловска, преставници од општина Велес, наставници, родители и ученици. Училиштето се покажа како лидер во промоцијата на овој проект кој што се спроведува во сите средни и основни училишта во соработка со УСАИД, Биро за развој на образованието, Министерството за образование и Центарот за стручно образование на Р. Македонија. Преку многубројните активности реализирани од учениците професорите и родителите, училиштето покажа подготвеност за имплементација на активностите и реализација на целите на овој проект.