Општина Велес беше домакин на регионална работилница
Општина Велес беше домакин на регионална работилница организирана од страна на Државниот завод за статистика во соработка со УНИЦЕФ и канцеларијата на Светска банка во Македонија. Работилницата имаше за цел да ги доближи можностите и услугите до граганите и корисниците на информациите на Државниот завод за статистика и неговите подрачни одделенија. Преку предавања и конкретни вежби посетителите на работилницата имаа можност директно да се запознаат со начинот на најбрзо и најефикасно користење на сите достапни информации на веб страната на Државниот завод за статистика. Учесници на средбата беа претставници на локалните установи од Велес, Градско и Чашка, кои изразија нескриен интерес и задоволство од ваквиот начин на комуникација со државните институции.