Асфалтирање на дел од улицата Белградска
Општина Велес согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2014 година започна со активности за асфалтирање на дел од Белградска во должина од околу 100 метри. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.