Спомени од Балканските и Првата светска војна

Во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од Првата светска војна и посетата на македонскиот фронт што ја организира Француската амбасада, на 7-ми јули годинава, во гимназијата „Кочо Рацин“ се одржа едночасовна конференција посветена на историските моменти од Балканските и Првата светска војна на територијата на Македонија. На конференцијата на која присуствуваа градоначалникот Славчо Чадиев и Амбасадорката на Франција Лоранс Оер, членови на Здужението на воени ветерани од Република Франција презентираа документи, фотографии, поштенски картички и предмети што француските војници ги испраќале до своите семејства. Присутните на презентацијата имаа можност да видат историски фотографии од Велес, Демир Капија, Кавадарци, Валандово и други градови и села во Македонија каде престојувале и се бореле француските војници. Настанот предизвика голем интерес кај историчарите и франкофоните од Велес.