Реконструиран Народниот музеј во Велес
По два месеца интензивни градежни работи заврши реконструкцијата на работните простории во ЛУ Народниот музеј во Велес. После 40 години со сопствени средства направени се зафати во вредност од 16.000 евра. Санирана е кровната конструкција на музејската зграда, променети се олуците со што се елиминирани причините за влагата што се појавуваше во овој објект. Исто така санирани се последиците од влагата во Археолошкото одделение на музејот и создадени се услови за правилно чување на депонираните музејски арте факти.
Во административната зграда на Народниот музеј сменета е влезната врата, прозорците, подот и санирани се ѕидовите со што е направена целосна топлинска изолација во објектот. За периодот што следи се планира реконструкција на скалите и подрумските простории, набавка на ИТ опрема, како и санирање на куќата музеј - Васил Главинов.