Бетонирана е ул. Коле Димов – Витамин и дел од ул. Прохор Пчински

Изминативе денови завршија градежните активности за реконструкција и уредување на улицата Коле Димов – Витамин како и делот од улицата Прохор Пчински кој беше значително оштетен од неодамнешното невреме во Велес. Станува збор за бетонирање на 400 м2 од улицата Коле Димов – Витамин и 50 метри од улицата Прохор Пчински се до црквата „Успение на Пресвета Богородица”.

 

На лице место денес беше и Претседателот на комисијата за урбанизам, комунални дејности и животна средина при Советот на Општина Велес Ангел Димов, кој изрази задоволство од начинот и динамиката на реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година.

Целокупната реконструкција чини околу 350.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Велес. Во наредниот период како дел од градежните активности во овој реон предидено е уредување и на улицата Загребска која се наоѓа во непосредна близина.