Бетонирање на улицата Загребска
Изминативе денови завршија градежните активности за бетонирање и уредување на улицата Загребска која се наоѓа на левата страна од градот. Со реконструкцијата се решава долгодишниот проблем и се излегува во пресрет на потребите и барањата на жителите од овој дел на градот. Средствата се предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година, а истите ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Велес. Во увид на изведените работи денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од сработеното. При посетата, тој се сретна и разговараше со жителите од овој дел на градот.