13-ти Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2014”
Вчеравечер, театарските уметници повторно го вратија животот на археолошкиот локалитет Стоби. Честа да го започне 13-тото издание на Интернационалниот фестивал на античка драма ја имаа актерите од турскиот театар од Скопје со претставата „Војникот фалбаџија”.
Во името на ЗГ „Стоби“, многубројната публика во античкиот театар ја поздрави директорот на фестивалот Зоран Љутков кој упати благодарност до сите институции, организации и компании кои и годинава го поддржаа ИФАД „Стоби“.
Фестивалот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, кој изрази задоволство што Фестивалот кој стана предизвик за најупорните, најхрабрите, инвентивните и креативните го претвори монументот Стоби, во стожер на културниот растеж.
-„Тринаесетти пат сме сведоци на волшебното патување назад во времето преку истиот збор искажан пред 2000 години на истото место. Се менуваат актерите, се менува публиката, се менуваат годините, вековите, но мислителот и неговиот зборот се исти од пред 2000 години. Исти се е и каменот и небото. Привилегија е да се биде дел од ова волшебство и задоволство е да се биде домаќин на бесмртните”. – истакна градоначалникот Чадиев.
Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2014“ ќе трае до 26-ти јули кога ќе бидат доделени наградите за најдобра женска и машка улога, најдобра режија и најдобра претстава. Во чест на наградените, актерите од велешкиот театар ќе ја одиграат претставата „Кралот Лир.