Нова метална ограда и две помошни врати
Денес на влезот од Градскиот стадион во Велес од страна на Одделот за браварски работи при ЈКП „Дервен” беше поставена нова метална ограда и две помошни врати. Граѓаните добро знаат во каква состојба беше претходниот влез на фудбалскиот терен. На ова место постоеше, стара, дрвена и оштетена влезна врата. Честопати истапата беше оштетувана, а притоа значителна штешта беше нансувата како на опремата така и на фудбалскиот терен од игралиштето. Со поставувањето на новата високовалитетна подлога на Градскиот стадион и со реконструкцијата на целокупниот комплекс се предвидува и значително зголемување на безбедноста на стадионот.
Општина Велес и во наредниот период ќе продолжи со активности за уредување на фудбалскиот стадион како дел од активностите градот да добие вистински репрезентативен спортски објект.